23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи под влијание на деловните резултати

Европските берзи под влијание на деловните резултати

evropski=berzi

Индексите на европските берзи благо пораснаа во петокот благодарение на подобрите од очекувани деловни резултати на неколку компании, но се тргува внимателно, бидејќи повеќето потрфлија.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции во 11.30 часот беше во плус 0,4 отсто, на 1.585 поени, откако вчера падна за 0,6 поени.

Лондонски FTSE истовремено беше во плус 0,15 отсто, а париски CAC 0,40 отсто, на 5.107 поени. Франкфуртски DAX ослабна, пак, 0,10 отсто, на 11.503 поени.

На самиот почеток од денешното тргување индексите паднаа во минус поради неколку послаби од очекувани квартални деловни резултати.

Но, подоцна закрепнаа благодарение на растот на цените на акциите на неколку компании, кои известија за подобри од очекуваните деловни резултати.

Најголем добитник денеска, со раст од осум отсто, беше акцијата на француската воена индустрија Thales, по што следува британскиот телекомуникациски гигант Vodafone, со раст на цената за 3,7 отсто.

Од друга страна, потфрли финансискиот извештај на сателитскиот оператор SES, па цената на неговата акција падна за над 7 отсто.

Меѓу најголемите губитници е и акцијата на германски BASF, со пад од 4 отсто, бидејќи најголемиот светски хемиски производител извести за помала добивка од очекуваното.

Досега околу 18 отсто од компаниите од составот на STOXX Europe 600 индексот ги објавија финансиските извештаи за минатиот квартал, при што 33 отсто постигнаа подобри или резултати во рамки на очекуваните, додека 67 отсто на компаниите потфрлија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП