19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТужба против 22 банки поради манипулација со американски обврзници

Тужба против 22 банки поради манипулација со американски обврзници

имаима

Тужба против 22 финансиски компании овластени за тргување со американски државни должнички инструменти покрената е пред американскиот суд поради сомневање во наводни манипулации со аукциите на трезорските записи и останатите хартии од вредност на штета на инвеститорите и должниците.

Доколку судот го прифати обвинението тоа би можело да биде прва колективна тужба од ваква врста во САД.

Пензискиот фонд за државни службеници во Бостон State-Boston Retirement System тужеше осум банки, вклучително и огранокот на Bank of America Merrill Lynch, Citigroup, Deutche Bank, UBS и Goldman Sachs, како и 14 други финансиски компании дека со тајни преговори на незаконски начин се обидувале да остварат профит на аукциите на трезорски записи и државни обврзници на штета на инвеститорите.

Според тужбата покрената њујоршкиот суд, банките се користеле со разни канали за комуникација за да разменат доверливи податоци за клиентите и да се координираат со стратегиите за тргување на државни обврзници, чија вредност се проценува на околу 12.500 милијарди долари.

Овие банки како дилери на примарниот пазар, на кој се тргува со новите емисии на должнички хартии од вредност, овластени се за директни трансакции со американската централна банка,а значајни играчи се и на аукциите на државни обврзници и на секундарниот пазар на хартии од вредност.

Портаролите на Bank of America, Citigroupa, Credit Suissea, Deutsche Banka, Goldman Sachsa, HSBC и UBS одбија да ги коментираат ваквите институции. Останатите банки или не беа подготвени веднаш да се произнесат или не беа достапки за коментар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП