29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на Волстрит трет ден по ред

Пад на Волстрит трет ден по ред

Wall-Street1

Цената на акциите на Волстрит падна трет ден по ред бидејќи инвеститорите ги разочараа  деловните резултати и проценките за натамошно работење на неколку компании.

Dow Jones ослабна 119 поени, или 0,67 отсто, на 17.731 поен, додека S&P 500 се спушти на 0,57 отсто, на 2.102 поени, а Nasdaq индексот се намали за 0,49 отсто, на 5.146 поени.

Сите 10 сектори на S&P 500 индексот вчера загубија на вредноста, а меѓу најголемите губитници со пад од 1,5 отсто, беше рударскиот сектор поради слабост на цената на сировините.

Сепак, берзата најмногу беше под притисок поради низата послаби од очекувани деловни резултати и прогнози на американските компании.

Претходните денови на инвеститорите воглавно влијаеа технолошките компании, кои не растат толку брзо како што се очекуваше. Но, вчера анемични деловни извештаи стигнаа и од индустрискиот и од финансискиот сектор.

Цената на акцијата на American Express падна 2,5 отсто, додека акцијата на индустрискиот гигант Caterpillar потона 3,6 отсто, а на United Pacific 5,7 отсто.

Значително, за речиси 4 отсто, падна и цената на акцијата на Qualcomm, откако производителот на чипови веќе трет пат оваа години предупреди на слабост на деловните резултати и порача дека би можел да се подели во две компании.

„Во најдобар случај би можеле да кажеме дека досегашната сезона на деловни резултати е млака. Силниот долар сигирно е причина за слабоста на приходите на мултинационалните компании, но се поголемо прашање е и каква ќе биде всушност побарувачката во економијата“, рече Брус Заро, стратег во фондот Bolton Global Asset Management.

И на европските берзи се тргуваше многу внимателно. Лондонски FTSE индекс ослабна 0,18 отсто, на 6.655 поени, а франкфуртски DAX 0,07 отсто, на 11.512 поени. Париски CAC зајакна, пак, 0,08 отсто, на 5.086 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП