2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинска ги намалува платите

Финска ги намалува платите

finska otkazi

Финска, една од најсилните сојузници на Германија во застапувањето на мерките за штедење во ЕУ наскоро ќе почувствува дел од болката која е резултат на таквата политика.

Премиерот Јуха Сипила овој месец се движи кон нова пресметка со синдикатите околу цената на трудот со тврдење дека недостатокот на „корекција“ ќе го спречи економското закрепнување.

„Намалувањето на цената на трудот е првиот голем предизвик за Финска на пат кон економското оживување“, вели Анси Рентала, главен економист на финската банка Актиа.

Сипила сака цената на трудот во Финска да се намали за пет проценти до 2019 година, предлог кој синдикатите го одбија во мај, само месец дена откако тој милионер победи на изборите со ветување дека ќе ја спаси економијата.

Се очекува дека владата новиот детален план за буџетско штедење во износ од 1,5 милијарди евра ќе го претстави до крајот на месецот. Синдикатите имаат три недели за одговор.

Рентала тврди дека најбрзиот пат кон пониски цени на трудот е во продолжувањето на работните часови без платени зголемувања, што претставува ефикасно намалување кое не изгледа лошо на хартија.

„Продолжувањето на работните часови би била навистина силна мерка“, додава Паси Куопамаки, главниот економист на Данската Банка во Хелсинки.

Блумберг наведува дека непопуларните мерки се неопходни за да оживее конкурентноста во нацијата која сеуште не закрепна по падот на Nokia и недостатокот на побарувачка за хартија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП