20 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМицубиши по Европа ги напушта и САД

Мицубиши по Европа ги напушта и САД

A logo of Mitsubishi Motors Corp is displayed at its headquarters in Tokyo October 30, 2008. REUTERS/Yuriko Nakao

Јапонскиот производител на автомобили Мицубиши ќе престане да произведува возила во САД за да може да се фокусира на азискиот пазар, пишува јапонскиот економски весник „Никеи“.

Според истиот извор кој се повикува на неименувани извори, Мицубиши, ќе го запре производството во фабриката Нормал во државата Илиноис, а потоа ќе се обиде овој производствен капацитет да му го продаде на некои друг производител на автомобили.

Производството во оваа американска фабрика минатата година изнесувала 64.000 возила што преставува голем пад во однос на 200.000 произведени автомобили во 2002 година.

Мицубиши во 2014 година во САД продал само 82.000 возила што е помалку од еден отсто од вкупната продажба.

Фабриката во Илиноис започна со работа во 1998 година и вработува 1.250 луѓе.

Компанијата која пред три години го прекина производството во Европа е првиот голем јапонски автомобилски производител кој ги затврил фабриките во САД и Европа.

Од друга страна Мицубиши активно вложува во азискиот пазар, компанијата гради фабрики на Тајланд, додека на Филипини купи фабрика која била во сопственост на Форд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП