10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата стагнира околу најниските нивоа за три месеци

Цената на нафтата стагнира околу најниските нивоа за три месеци

nafta-cena-naftata

Цената на нафтата на светските берзи во четвртокот стагнираше околу најниското ниво за последните три месеци, во услови на пад на курсот на доларот и растот на американските залихи на гориво.

Цената на барел сирова нафта на лондонската берза остана речиси непроменета во однос на претходното затворање, на 56,02 долари. Цената на барелот се намали во јули околу 12 отсто, што е нејзин најголем месечен пад од март, а како последица на загриженоста дали светската економија ќе може да го апсорбира вишокот на нафта.

На американската берза цената на барелот исто така не се промени позначително и се движи околу 49 долари откако претходниот ден падна за 1,67 долари, спуштајќи се за прв пат од април под 50 долари.

Залихите на сирова нафта во САД пораснаа во минатата недела за 2,5 милиони барели над петгодишниот сезонски просек, покажаа официјалните податоци на американската влада, додека аналитичарите очекуваа пад за 2,3 милиони барели.

Се очекува дека заситеноста на понудата се уште ќе се зголеми, бидејќи се очекува спогодбата за иранската нуклеарна програма со Запад веројатно да ослободи милиони барели дополнителна понуда на светскиот пазар.

„Во основа не постои многу тоа што би ја променило драматично сликата на краток рок. Цените ќе се движат во ограничен распон“, смета Бен Ли Брун од сиднејски OptionsXpress.

Волатилноста на цената оваа недела на лондонската берза се смири и цената на нафтата варираше во распон од само 1,54 долари, што е најмал распон од 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП