6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСаркофагот на Карло Велики повторно во центарот на катедралата во Ахен

Саркофагот на Карло Велики повторно во центарот на катедралата во Ахен

сарккофаг888

Златниот саркофаг со посмртни останки на Карло Велики е поставен во средата повторно во централниот простор на катедралата во Ахен во рамките на комеморацијата на 800 годишнината од погребувањето на останките на владетелот кој во смета за втемелувач на Светото римско царство, а денес го слават како основач на Европа.

Останките на Карло Велики (748 – 814), биле положени пред 800 години во раскошниот саркофаг во централниот простор на готската катедрала каде останале до 1414 година, кога бил изграден специјалниот простор ограден околу олтарот, во кој е поставен саркофагот.

По повод 800-годишнината од погребот на Карло велики, која се одбележува од четвртокот до понеделникот 27-ми јули, злат нито саркофаг тежок 150 килограми под надзор на главниот архитект Хелмут Мајнц внимателно во средата беше спуштен неколку скалила на специјално дизајнираната справа кој саркофагот постојано го одржуваше во хоризонтална позиција.

Годишнината се одбележува под мотото „Карло Велики поблизок од секогаш“, пишува во репортажата на агенцијата DPA и се додава дека тоа секако се однесува на саркофагот кој инаку беше поставен превисоко за посетителите да можат да ги разгледаат неговите раскошни релјефи, а сега е повторно достапен во централниот дел на црквата во Ахен. Саркофагот, инаку, последен пат беше преместуван во 1997/1998 година, поради реставрација на катедралата.

Карло Велики бил најмоќниот европски владетел во Средниот век. Со постојаните војувања и освојувања создал царство кои го опфаќало најголемиот дел од западна Европа. На Божик 800-та година, папата Лав Трети го крунисал за римски цар, со што е обновено Западното римско царство под жезолот на кралот на Франките. Крунисувањето на Карло Велики останала основа на Светото римско царство сé до неговиот крај во 1806 година.

Во земјите со коишто владеел Карло го вовел обичајното право и заедничка валута, поради што денеска го сметаат за првиот Европеец. Признанието Карло Велики се доделува за придонес кон единството на Европа.

Градот Ахен, на крајниот запад на Германија на границата со Холандија и Белгија, било неговото омилено место, а Дворската капела која е изградена по негово налог е најстариот дел од катедралата која уште се нарекува и Царска.
Карло Велики умрел од инфекција на белите дробови во 814 година во Ахен. Паскал Трети, кого карловиот наследник Фридрик Барабараоса го спротиставил на официјалниот папа Алесандар Трети, со политичка одлука во 1165 година го прогласил Карло Велики за свет, меѓутоа Ватикан ваквата канонизација никогаш не ја призна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП