26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките компании не можат да работат поради ограничувањето на капиталните трансфери

Грчките компании не можат да работат поради ограничувањето на капиталните трансфери

mmf-grcija-grgr

Во Грција постои опасност значителен број на компании во наредните недели да го прекинат работењето поради рестрикција на странски капитални трансфери, кои остануваат на сила, иако банките оваа недела повторно се отворени по три неделниот прекин во работењето.

Вакво предупредување изнесе претседателот на грчката стопанска комора Константинос Михалос.

Во писмото до грчкиот министер за финансии Михалос порача дека споменатите ограничувања значат дека компаниите кои се потпираат на странски добавувачи не можат да ги плаќаат сметките, што создава големи проблеми во многу сектори.

„Мораме да ви кажеме дека големо мнозинство од грчките компании се на чекор да бидат присилени да ги прекинат деловните операции“, предупреди во писмото, кое го објави трговската комора во Атина.

Тој предупреди дека, доколку ограничувањата за проток на капиталот останат на сила до средината на август, компаниите ќе почнат да се повлекуваат од работењето.

Михалос наведе пример на една голема компанија во прехранбениот сектор, која упатила барање до одборот за одобрување на странски трансакции за дозвола да плати 650 илјади евра за увезени производи, а добила дозвола за само 9.000 евра.

„Сите пари кои државата ги доби вие денови по договорот отидоа на плати и пензии и за полнење на банкоматите. За банкарски трансакции за потребите на компаниите не се алоцирани средства“, вели Михалос.

Од грчкото министерство за финансии засега нема одговор на писмото на трговската комора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП