5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНема данок за депозитите во Кипар

Нема данок за депозитите во Кипар

CYPRUS-EU-FINANCE-PARLIAMENT

Кипарскиот Парламент го отфрли вчера нацрт-законот за оданочување на банкарските депозити.

Триесет и шест пратеници во 56-члениот Парламент гласаа „против“, а 19 беа воздржани. Еден пратеник не беше присутен на седницата.

Претседателот на кипарскиот Парламент Јанакис Омиру претходно ги повика пратениците да гласаат против планот „уцена“, односно нацрт-законот за оданочување на банкарските депозити, што е побарано од земјата како услов за добивање на меѓународната финансиска помош од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд.

– Одговорот на оваа уцена може да биде само „не“, изјави Омиру од социјалдемократската партија ЕДЕК.

Партијата на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис претходно најави дека ќе се воздржи од гласање за непопуларниот спасувачки план на ЕУ. Приватната телевизија Сигма јави дека сите останати политички партии ќе се воздржат од гласањето за планот, кој предизвика масовно незадоволство во Кипар и негативни реакции од Русија.

Кипар на 16 март склучи првична спогодба со кредиторите од еврозоната и ММФ за спасувачка програма, која предвидуваше во замена за десет милијарди евра помош, да биде воведен вонреден данок од 6,75 отсто на сите банкарски депозити до сто илјади евра и 9,9 отсто на депозитите над оваа сума, со цел на овој начин да се соберат 5,8 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП