21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИQualcomm скратува 15% од работната сила

Qualcomm скратува 15% од работната сила

Qualcomm2222

Производителот на чипови „Qualcomm“ одлучи да ги смири инвеститорите, така што ќе ги намали трошоците во одговор на речиси 50-процентниот пад на профитот за изминатиот квартал.

Компанијата најави дека ќе ги скрати трошоците за 1,4 милијарди долари и ќе ја разгледа можноста за реструктуирање на своите операции, како и на својот бизнис за лиценцирање на патенти од останатите активности.

Главниот извршен директор Стив Моленкоф вети дека ќе се разгледаат од друг агол можностите за поделба на компанијата на две, поради зголемената конкуренција. „Qualcomm“ ќе ги истражуваат „сите начини за максимизирање на вредноста која ја добива од акционерите“.

Новите мерки значат дека компанијата ќе отпушти околу 15% од своите вработени кои работат со полно работно време и „значително“ ќе го намали својот привремено вработен персонал. Минатата година во „Qualcomm“ работеа околу 31.300 лица со полно и скратено работно време, што значи дека сега ќе бидат погодени повеќе од 4.500 лица.

Освен тоа „Qualcomm“ планира да скрати 300 милиони долари од трошоците од својот годишен буџет за надоместување на вработените со акции. Намалувањето на персоналот ќе чини помеѓу 350 милиони и 450 милиони долари во форма на компензација.

Компанијата за чипови ги откри плановите за новите потези заедно со излагањето за третиот квартал. Во овој период профитот на компанијата ќе падне за 47%, а приходите за 14 отсто во однос на истиот период од минатата година. Од „Qualcomm“ ја намалија прогнозата за сегашниот квартал поради слабата продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП