17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИран со европски компании веќе договорил бизниси за 2 млрд долари

Иран со европски компании веќе договорил бизниси за 2 млрд долари

iran-biznis

Иран ги завршил преговорите со некои европски компании коишто сакаат да инвестираат во проекти во земјата откако беше постигнат нуклеарниот договор со шесте светски сили претходно месецов, изјави во четвртокот висок ирански функционер според кој вредноста на договорените зделки надминува две милијарди американски долари.

„Од неодамна сведоци сме на враќањето на европските инвеститори во земјата. Некои од тие преговори се заклучени и ги одобривме, па ги дадовме на одобрение на европските инвеститорите“, изјави заменикот министер за економија и финансии Мохамад Хазаеи на конференцијата организирана со цел да ја поттикне трговската размена меѓу Иран и Европската унија.

„Последните неколку седмици одобривме повеќе од две милијарди долари вредни проекти на европските компании во Иран“, прецизира Хазаеи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП