17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФалсификатите ја чинат модната индустрија во ЕУ 26 милијарди евра

Фалсификатите ја чинат модната индустрија во ЕУ 26 милијарди евра

falc obleka

Продажбата на фалсификувани модни брендови чини речиси 10 отсто од вкупната продажба на облека, обувки и модни додатоци во Европската унија, што на модната индустрија  и одзема над 26 милијарди евра годишно.

Студијата изготвена од Бирото на еврокомесарот за хармонизација на внатрешниот пазар открива „закана која претставува фалсификување при иновација на новите производи во модната индустрија, како и преку директни и индиректни трошоци за економијата на ЕУ“.

Извештајот укажува дека директните годишни загуби во индустријата поврзани со фалсификувана облека, обувки и модни додатоци изнесува 26,3 милијарди евра, или околу 9,7 отсто од вкупната продажба во тој сектор, стои во студијата.

Доколку се вклучат ефектите врз другите индустрии и загубите на буџетските приходи на државите, економското влијание достигнува и до 43,3 милијарди евра годишно.

Фалсификатите исто така влијаат на вработувањето во 28 држави на ЕУ. Се проценува дека загубата на работни места се движи во распон од 363.000 до речиси 520.000, ако се вклучат и индиректните ефекти.

Во извештајот се проценува дека фалсификувањето најмногу негативно влијае на Италија, која ја чини околу 4,5 милијарди евра годишно и околу 50.000 работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП