2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Демир Хисар ќе го санира патот за Боишта

Општина Демир Хисар ќе го санира патот за Боишта

demir-hisar777

Во пресрет на традиционалните предилинденски Боишки средби, Општина Демир Хисар во четвртокот започна со поправка на патот до село Боишта, односно, до манастирската црква Свети Атанасиј.

Тешка механизација ќе биде вклучена во санирање на најоштетените делови од земјениот пат долг шест километри – од крстосницата на асфалтниот пат за Вирово. Овој градежен зафат ќе биде прв по десетина години, кога последен пат е извршена поправка од страна на шумското претпријатие.

Пред почетокот на работите, по целата на места многу тешко проодна траса, обиколка направи градоначалникот Љупчо Блажевски за да се увери колкав е степенот на оштетување на земјениот пат и, следствено на тоа, да ангажира соодветна механизација и да обезбеди потребен градежен материјал.

Од увидот беше констатирано дека на повеќе места оштетувањата се толку големи, што е речис невозможно движењето, дури и на теренски возила. Оттаму, заради претстојното празнување на расселените Боиштани, но и заради тековната потреба од оспособување на овој патен правец, општината веќе презеде активности за поправка на патот. Покрај земјените работи, на најкритичните места ќе биде положен соодветен слој од тампон, а на стеснувањата предизвикани од вегетацијата, ќе се изврши и проширување на патот.

Традиционалните Боишки средби годинава ќе се одржат на 26-ти јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП