18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит втор ден во минус

Волстрит втор ден во минус

volstrit-berzi

Берзанските индекси на Волстрит паднаа втор ден по ред во средата бидејќи инвеститорите ги разочараа кварталните деловни резултати на технолошките гиганти, како што се Apple и Microsoft.

Dow Jones ослабна 68 поени, или 0,38 отсто, на 17.851 поен, додека S&P 500 се намали за 0,24 отсто, на 2.114 поени, а Nasdaq падна за 0,70 отсто, на 5.171 поен.

И вчера, втор ден по ред, берзите се под притисок на послаби од очекувани деловни резултати и прогнози на технолошките гиганти.

Имено, за 4,3 отсто, падна цената на акцијата на Apple. Иако, најголемата светска компанија по пазарна вредност оствари во минатиот квартал раст на приходите и добивката за над 30 отсто на годишно ниво, инвеститорите ги разочараа проценките на Apple за тековното тромесечје.

Акцијата на Microsoft потона, пак, за 3,7 отсто, откако во изминатото тромесечје софтверскиот гигант оствари загуба од 3,2 милијарди долар, најголем во историјата, што воглавно е последица на отписот на работењето со мобилните телефони на Nokia, но и падот на побарувачката за оперативниот систем Windows.

„На самиот почеток на неделата разочара IBM, а низата разочарување продолжи со Apple, Microsoft и уште неколку технолошки компании. Поради тоа спласна ентузијазмот на инвеститорите, кои очекуваа подобри деловни резултати во технолошкиот сектор“, вели Дејвид Шиеголајт, директор во компанијата Private Client Reserve.

Минатата недела одличните деловни резултати на Google и Netflix ги поттикнаа надежите дека и другите компании од овој сектор ќе известат за силен раст на приходите и добивката, но тоа не се случи.

На долгата листа потфрлување се придодаде и Yahoo, кој во тековниот квартал очекува помали приходи од проценките на анлитичарите. Поради тоа цената на акцијата на интернет пребарувачот вчера падна за 1,2 отсто.

И на европските берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонски FTSE индекс истовремено беше во минус 1,50 отсто, на 6.667 поени, додека франкфуртски DAX се намали за 0,72 отсто, на 11.520 поени, а париски CAC 0,47 отсто, на 5.082 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП