3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас доби поддршка од парламентот за вториот пакет реформи

Ципрас доби поддршка од парламентот за вториот пакет реформи

cipras-parlament

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во четвртокот рано изутрината доби поддршка од парламентот за вториот пакет реформи неопходни за да може Грција да добие финансиска помош.

Првата серија реформи која се фокусираше претежно на даноците и буџетската дисциплина предизвика минатата недела револт меѓу дел од членството на Сириза, а помина во парламентот благодарение на поддршката на проевропските опозициски партии.

Овој пат нацрт законот кој содржи правосудни реформи и реформи на банкарскиот систем лесно помина во парламентот и доби поддршка од 230 патеници од вкупно 298 присутни.

Триесет ишест пратеници од вкупно 149 на Сириза гласаа против или беа воздржани, што е помалку од минатата недела кога се усвојуваше првиот пакет.

Ова второ гласање за една недела го отвора патот до финализирање на третиот пакет помош за Грција во вредност од најмалку 80 милијарди евра за три години.

Станува збор за „тежок избор“, рече Ципрас пред парламентот, повикувајќи ги пратениците да ги поддржат реформите. „Денеска сите мораме да ги редефинираме можностите кои се пред нас, со оглед на новите околности“, рече премиерот.

Ципрас во пресрет на гласањето рече дека е решителен да не ја напушти владата и да ја продолжи борбата за да се подобрат условите од планот за помош кој е договорен со доверителите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП