1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПорасна јaвниот долг на ЕУ и еврозоната

Порасна јaвниот долг на ЕУ и еврозоната

javen-dolg-javen-dolgovi

Јавниот долг на еврозоната на крајот на првиот квартал оваа година достигна 92,9 проценти од домашниот производ (БДП) во однос на 92 проценти од последниот квартал минатата година. Истовремено јавниот долг на ЕУ пораснал на 88,2 од 86,9 проценти, покажаа податоците на Европскиот завод за статистика, Еуростат.

Во споредба со првиот квартал во 2014 година, јавниот долг на еврозоната и ЕУ исто така пораснал бидејќи во дадениот период изнесувал 91,9 проценти, односно 86,2 проценти, се наведува во соопштението објавено на сајтот на Еуростат.

На крајот на првиот квартал, долговите на име обврзници изнесуваа 79,1 проценти од јавниот долг на еврозоната и 80,8 проценти од јавниот долг на ЕУ. Заемите изнесуваа 18 односно 15,2 проценти од долгот.

Највисок јавен долг на крајот на првиот квартал оваа година имала Грција, 168,8 проценти од БДП, а потоа Италија 135,1 проценти и Португалија 129,6 проценти, а најнизок Естонија, само 10,5 проценти, Луксембург 21,6 проценти и Бугарија 29,6 проценти.

Во однос на четвртиот квартал од минатата година, 15 членки на ЕУ забележале раст на јавниот долг, а 12 пад.

Најмногу пораснал јавниот долг на Белгија 4,5 проценти, Италија 3,0 проценти и Хрватска 2,6 проценти, додека најголемо намалување на долгот е евидентирано во Грција 8,3 проценти, Летонија 5,1 проценти и Литванија 2,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП