17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрад Скопје подготвен за справување со пожари

Град Скопје подготвен за справување со пожари

pozari00009

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје и оваа година е целосно подготвен да одговори на сите предизвици и зголемената опасност од појава на пожари поради високите температури во летниот период.

Во соопштението на градските власти се наведува дека Штабот за заштита и спасување располага со следнава механизација: цистерни – 65 возила, над 20 товарни возила, 8 скипови, 11 бобкет возила, 1 голем багер и друга опрема за гасење пожари во урбана средина и на отворен простор. Исто така, располага и со повеќе лесни теренски возила.

Човечкиот потенцијал со кој располага Штабот за заштита и спасување на Град Скопје изнесува околу 500 луѓе.

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје го сочинуваат: ЈП „Водовод и канализација”, ЈП „Паркови и зеленило”, ЈП „Улици и патишта”, ЈП „Комунална хигиена”, „ЈСП – Скопје”, ЈП „Градски паркинг” и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Во изминатата недела Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје имаше 74 интервенции, од кои 60 на отворен простор, 3 на објекти, 3 на автомобили, 3 технички интервенции и 5 други интервенции.

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје будно ја следи состојбата на подрачјето градот и ако има потреба ги активира сите неопходни единици за справување со состојбите, а воедно ги повикува граѓаните со своето учество да придонесат за намалување на пожарите, односно да се придржуваат до мерките за превенција од пожари, но и доколку забележат евентуални пожари веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 195.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП