6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВоведено ограничување за движење во шума

Воведено ограничување за движење во шума

shumi

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воведе ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси за периодот од 22.07.2015 година до 05.08.2015 година во термин од 7,00 часот наутро до 17,00 часот попладне.

Исклучок се лицата кои имаат добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја.

Во периодот од 17.00 часот попладне до 7.00 часот наутро дозволено е движење на сите лица во шумите и шумските појаси заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност и обврската за ненанесување на штети на шумата (палење на отворен оган во шума и др).

Ова ограничување не важи за организирана тура на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и националните паркови во Република Македонија, која ќе биде во придружба на престваник од ЈП „Македонсдки шуми“ или Националните паркови.

За не почитување на одредбите од ова забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума без соодветна дозвола ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска против вредност.

Исто така се известуваат сите граѓани дека е забрането палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.

За не почитување на одредбите од ова забрана се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска против вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП