19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFiat 124 Spider ќе излезе и во верзија Abarth

Fiat 124 Spider ќе излезе и во верзија Abarth

fi spayder

Моделот „Fiat 124 Spider“ ќе добие две верзии – удобна и екстремна. Втората ќе биде подготвена од делот „Abarth“, објави „Auto Express“, цитирајќи го Извршниот директор на Fiat Chrysler Group – Алфредо Алтавила. Според него, новиот автомобил ќе се појави на пазарот во првата половина на 2016-та година.

„„Аbarth“ е збор кој асоцира  на динамика и од таа причина им реков на луѓето да престанат да го трошат времето со дополнителните бои на каросеријата и со други слични ситници. Секој нов автомобил со името „Abarth“ треба да нуди подобрени карактеристики, инаку од него нема никаква смисла“, коментира Алтавила.

Екстремната верзија „Fiat 124 Spider“ ќе располага со 200 КС, кои ќе бидат обезбедени од 1,75-литарски турбо-мотор на „Alfa Romeo 4C“. Признавајќи го фактот дека Кабриото ќе тежи не повеќе од 1000 кг, овој мотор ќе му обезбеди ист сооднос моќ/маса, на која се потпира „Porsche Boxster GTS“. Тоа значи дека италијанската машина ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за околу 5 секунди.

fi spayder1

Освен тоа, конструкторите на „Abarth“ развиваат за „124 Spider“ елементи од лесни материјали за каросеријата, како и дополнителни воздух за ладење на моторот. Преработени ќе бидат суспензијата, управувачкиот и издувниот систем. Дизајнерите на „Auto Express“ дури ја покажаа својата визија за тоа како ќе изгледа моделот (на сликите).

Веќе се знае дека неговата „јапонска сестра“ – новата „Mazda MX-5 Miata“, нема да има спортска верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП