15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонстантинопулу: Барањата на меѓународните кредитори се противуставни

Константинопулу: Барањата на меѓународните кредитори се противуставни

grchki-parlament77

Претседателката на грчкиот парламент Зоја Константинопулу смета дека пакетот предлог закони, поднесени од Владата на барање на меѓународните кредитори е противуставен.

Taа додаде дека испратила писмо до претседателот на земјата Прокопис Павлополус и до премиерот Алексис Ципрас, јави РИА Новости.

„Сè се случува под заканата за банкрот и покажува дека предлог законот, донесен од влади на странски држави, е мешање во независноста на судската власт во Грција“, вели Константинопулу.

„како претседател на парламентот, не можам да го озаконам процесот, кој ќе ја направи институцијата декоративна, нарушувајќи ја слободата на совеста на пратениците“, рече таа.

Во заклучокот Константинопулу рече дека не може да гласа за предлог законите ниту како член на Сириза, ниту како адвокат.

Грчката влада во вторникот донесе пакет од предлог закони кои треба да ги интегрираат во законодавството на земјата европските директиви, односно дејноста на банките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП