26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГермански функционер ја предупредува Грција дека без реформи нема да добие пари

Германски функционер ја предупредува Грција дека без реформи нема да добие пари

eu-grcija-eu

Претседателот на парламентарната комисија на германскиот Бундестаг за Европа, Гитнер Крихбаум од редовите на Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел, ја предупреди во средата грчката влада да не се откажува од реформите на кои се обврза.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се обедини да ја обедини својата коалиција на радикалната левица Сириза пред гласањето во средата за вториот пакет реформи кои го бараат меѓународните доверители за започнување на преговорите за новата трета програма за меѓународна финансиска помош за Грција во износ од 86 милијарди евра во следните три година.

Споменатиот пакет реформи ги содржи новите правила на Европската унија за санација, на банките, но не ги вклучува реформите на пензискиот систем кои би требало да го оневозможат предвременото пензионирање, како и зголемување на даноците за земјоделците. Со нив грчкиот парламент ќе се занимава следните седмици.

„Внимателно следиме не само дали Атина ќе ги усвои реформите, туку и дали ќе ги спроведе. Грција мора да ги исполни условите, бидејќи во спротивно нема да има прилив на пари“, вели Крихбаум за весникот Bild.

Германскиот либерал во Европскиот парламент, Александер Ламбсдорф, исто така, за Bild вели дека „не може да има програма за помош, доколку грчката влада не ги исполни своите обврски“. „Во тој случај ЕУ ќе мора веднаш да ги прекине преговорите“, истакнува.

Претставниците на тројката грчки доверители – Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, во петок би требало да допатуваат во Атина на состанок со претставниците на грчката влада, најави заменикот на грчкиот министер за финансии Димитрис Мардас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП