4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуристичките производи на Македонија на саем во Келн

Туристичките производи на Македонија на саем во Келн

tur makedonija

Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за прв пат Македонија и туристичките агенции од земјава, ќе ги претстават туристичките потенцијали на меѓународниот туристички Б2Б саем “RDA Workshop” во Келн.

Претставници на АППТРМ, туристичките агенции и хотелијери ги промовираат туристичките производи на Македонија на нов модерен штанд со промотивни материјали и конкурентни туристички понуди за европските и светските туристички бизнис работници и потенцијални туристи.

Германскиот туристички пазар е се поатрактивен за Македонија поради директните авионски линии на Wiz Air со Германија, од Скопје до Минхен- Меминген, Дортмунд, Келн, Франкфурт, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен. Уште една директна линија на Germania Flug од Скопје до Дизелдорф.

“RDA Workshop” во Келн, Германија е водечки меѓународен саем кој претставува туристичка работилница и B2B настан на европскиот туристички пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП