3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата падна поради неочекуваниот пораст на американските залихи

Цената на нафтата падна поради неочекуваниот пораст на американските залихи

nafta 300

Цената на нафтата падна на светските берзи во услови на неочекуван раст на американските залихи на сирова нафта и долготрајна, прекумерна понуда на светската берза, која веќе влијаеше на драматично намалување на цените во минатата година.

Цената на барел сирова нафта на лондонската берза падна во средата за 40 центи во однос на претходното затворање, на 56,64 долари.

На американската берза барелот поевтини за 64 центи, на 50,22 долари.

Според податоците на Американскиот институт за нафта (API), во минатата недела залихите на сирова нафта во јазолот Кушинг, во Оклахома, пораснаа за 2,3 милиони барели, додека аналитичарите очекуваа дека ќе се намалат во ист волумен.

„Растот на американските залихи на нафта, за кој синоќа извести API, ја притиска цената на нафтата“, рече Тамаш Варга од лондонската брокерска куќа PVM Oil Associates.

Сега се чека на официјалниот извештај на американската влада, кој треба да биде објавен во текот на денот.

„Секој сигнал за раст на нафтените пазари во овонеделниот извештај на американската влада веројатно и натаму ќе ја ослабнува цената на нафтата“, наведуваат аналитичарите на ANZ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП