4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛиберланд, земја без даноци

Либерланд, земја без даноци

liberlend 33

Во Либерланд, минијатурната самопрогласена држава којашто ја основаше Вит Једличка на „ничија земја“, меѓу Хрватска и Србија, даноците ќе се плаќаат доброволно, а услугите, како што се снабдувањето со струја, здравствената нега и чистењето на ѓубрето, ќе ги финансираат приватни компании или за таа цел ќе се собираат прилози.

Либераланд, земја која триесет и едногодишниот чешки политичар ја основаше на 13 април оваа година на површина од седум квадратни километри на западниот брег на Дунав во областа Горна Сига, би можело да биде трета по ред најмала суверена држава во светот, по Ватикан и Монако.

„Потребни ни се повеќе земји како Хонгконг, Сингапур, Монако, особено во Европа. Потребен ни е уште еден даночен рај“ изјави Једличка, евроскпетик и член на чешката Конзервативна партија на слободни граѓани.

Једличка именува амбасадори на Либерланд во земјите ширум светот, со цел на земјата да и издејстува статус на суверена држава, а веќе има во САД, Британија, Франција и Чешка, а до крајот на годината планира да отвори амбасади и во уште стотина други држави.

Либерланд се обидува да го искористи правниот принцип според кој територијата на која, ниедна друга држава нема право и е неразвиена, може правно да ја побара било која група којашто сака да ја развие.

Меѓутоа, некои правни експерти наведуваат дека територијата на која се наоѓа Либерланд веќе е дел од Србија.

Во земјата моментално никој не живее бидејќи хрватската погранична полиција го апси секој кој сака да влезе во земјата, меѓутоа тоа не ги плаши членовите на Здружението за населување на Либерланд, кои секојдневно се обидуваат да влезат на територијата при што често се судиираат со локалната полиција.

Здружението е невладина организација со седиште во Србија, којашто ја финансира Корпорацијата за населување на Либерланд чие седиште е во Швајцарија, а ја сочинуваат поголем број доброволци кои се обидуваат да одржат активно присуство на тоа парче земја за да стане призната држава.

Веќе пристигнале 400.000 барања за државјанство , но само 45.000 се сметаат за сериозно. Једличко објаснува дека Либерланд веројатно ќе брои 30.000 до 40.000 граѓани, со тоа што сите нема да живеат таму.
За претседал прогласени се двајца други основачи, меѓу кои едната е неговата девојка.

Владата на Либерланд наведува дека веќе собрала повеќе од 45.000 долари преку прилози од посетителите на нивниот вебсајт, што се користат за покривање на трошоците на владината канцеларија во Прага и Србија.

Целта на основањето на државата е држава во која чесните луѓе може да просперираат со тоа што централизирната влада многу малу ќе се меша во работата./

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП