25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУНИЦЕФ и Здравствен дом за подобра здравствена заштита на ранливите категории

УНИЦЕФ и Здравствен дом за подобра здравствена заштита на ранливите категории

zdra dogovor

Канцеларијата на УНИЦЕФ и Здравствен дом-Скопје потпишаа Меморандум за соработка во областа на унапредување на пристапот и квалитетот на здравствената заштита за најранливите категории на деца и семејства.

Заедничката соработка ќе овозможи изработка на упатства и едукација на лекарите и медицинските сестри од примарната и превентивната здравствена заштита во однос на рано препознавање и рана интервенција на деца со попреченост и деца жртви на насилство.

Планот на активности во Меморандумот за соработка вклучува и реализација на програми за унапредување на здравствена заштита на децата и семејствата Роми, како и подобрување на системот на здравствена евиденција во таа насока.

Меморандумот за соработка се потпишува во рамки на двегодишниот договор за соработка меѓу Канцеларијата на УНИЦЕФ и Министерството за здравство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП