14 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИЗаедно со Вас Мебел-Ви прославува 18 години постоење на пазарот во Македонија

Заедно со Вас Мебел-Ви прославува 18 години постоење на пазарот во Македонија

vi 01

Приказната за Мебел-Ви започнува во 1997-мата година во Виница, како проект кој треба да внесе свежина, иновација и квалитет на тогашниот пазар за мебел во Македонија.

Сопствениците, кои располагаа со огромен претприемачки дух и големо познавање на индустријата за мебел, решија да го создадат Мебел-Ви – компанија која сега веќе цели 18 години ужива доверба од корисниците и нуди препознатлив квалитет.

Главните столбови врз кои тогаш се постави компанијата сè уште претставуваат водечки определби врз основа на кои Мебел-Ви се развива и расте, а тоа се – квалитет без конкуренција, единствено купувачко доживување, мотивиран и професионален тим и секако искрена комуникација и грижа за корисниците.

Реакциите и позитивните сигнали кои ги добивме од првите корисници, кои и денес со задоволство купуваат во нашите салони, само ја зголеми желбата и потребата од континуиран развој на самото производство и зголемување на присуството на Мебел-Ви на пазарот.

vi 02

Оттаму, по 18 години, Мебел-Ви е присутен во речиси цела Македонија. Заклучно со последниот отворен салон за мебел во Прилеп, Мебел-Ви поседува 7 екслузивни салони за мебел со вкупна изложбена површина од скоро 13.000 квадратни метри. Производните линии, сместени на површина од околу 20.000 метри квадратни, постојано се осовременуваат следејќи ги светските трендови и достигнувања во областа на производство на мебел.

Оваа година Мебел-Ви ја пушти во употреба и најновата линија опремена со машини за прецизно кроење на штоф и природна кожа, најнови машини за кроење на иверица и повеќенаменски CNC машини за бушење.

Следејќи ги барањата, интересите и желбите на своите купувачи како и светските трендови, го разделивме нашето портфолио на економик, стандард и премиум сегмент. Секој од сегментите содржи производи кои имаат препознатлив квалитет и дизајн инспириран од самите наши купувачи. Веќе популарните комплетни производни решенија – спални, детски, дневни и трпезариски комплети, кои како идеја ги започна Мебел-Ви направија вистински бум на пазарот за мебел и нудат практично решение за целиот дом.

Приказната за MONDIVI трговската марка

vi 03

Долгогодишното искуство во дизајнирањето и производството на мебел нè натера да создадеме нешто ново – еден целосно нов концепт на нашиот пазар. Идејата е да се понуди бескомпромисен квалитет, материјали од врвни производители од светот, дизајн создаден од авангарден дизајнерски тим и услуга која подразбира целосно задоволство на нашиот купувач.

Така се роди MONDIVI брендот, кој веќе почнува да го зазема своето место на нашиот пазар и претставува предвесник на пазарните трендови во Македонија.

vi 05

MONDIVI брендот нуди целосни и практични решенија за своите клиенти, и веќе опфаќа голем број аголни и седечки гарнитури, лежаи, клуб и тв програм, како и трпезариски програм.

По повод нашиот 18-ти роденден Ве покануваме во сите наши салони на многу подароци, изненадувања и секако 18% попуст до крајот на месецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП