
Во штипската територијална противпожарна служба, денес беше предадена во употреба опрема која ја донираше германската амбасада.


Во штипската територијална противпожарна служба, денес беше предадена во употреба опрема која ја донираше германската амбасада.
Станува збор за апарати коишто итно ѝ се потребни на штипската противпожарна служба, со кои многу полесно ќе се справува на терен при елементарни непогоди.
„Донацијата за противпожарната единица од германската амбасада е преку проект на ЗХА Синергија и Општина Штип. Опремата вклучува водена пумпа за испумпување при поплави, агрегат за струја, моторна пила за сечење низ непроодни подрачја и фул-сет за справување со поплави. Вредноста на опремата е 5.000 евра. Нашата ТТПЕ е подготвена, успешно се справува со пожарите, иако посакувам да има што помалку работа. Екипираноста е одлична а работиме на проекти за обезбедување и на теренски возила кои ќе помогнат во работата на пожарникарите“, изјави градоначалникот Захариев.
„Оваа донација е преку проектот за мали грантови на Германската амабасада и мислам дека е доста квалитетна и оди во вистински раце. Всушност, градоначалникот на Штип беше тој кој упати писмо со барање за донација, по поплавите кои се случија во Штип на почетокот на годината и преку проектна документација успеавме да ја обезбедиме оваа опрема која им е потребна на пожарникарите. Јас се надевам дека успешно ќе ја користат, а ние како амбасада остануваме отворени за соработка“, изјави Марина Серафимовски од Економскиот оддел на германската амбасада.