23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАApple ги разбранува европските берзи

Apple ги разбранува европските берзи

evropski-berzi-euroberzi

Цените на акциите на европските берзи паднаа денес, а под најголем притисок се најде технолошкиот сектор, по послабите од очекуваните квартални резултати на неколку технолошки гиганти, меѓу кои и Apple.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции во 11.30 часот беше во минус 0,3 отсто, на 1.591 поен, откако вчера падна 1,1 отсто.

Лондонски FTSE индекс истовремено беше во минус 0,80 отсто, на 6.714 поени, додека франкфуртски DAX се намали за 0,30 отсто, на 11.568 поени, а париски CAC 0,35 отсто, на 5.088 поени.

Лошото расположение на берзите последица на послабите од очекуваните квартални деловни резултати на неколку технолошки џинови, поради што овој сектор се најде под најголем притисок и се намали во просек за 1,3 отсто, а најмногу, за 3,7 отсто падна цената на акцијата на ARM Holdings.

Производителот на чипови остари во минатото тромесечје скок на добивката за над 30 отсто, но акцијата е под притисок бидејќи инвеститорите се плашат од пад на нарачките од нејзиниот главен клиент Apple.

Минатата недела одличните квартални деловни резултати Google и Netflix ги поттикнаа надежите дека и останатите компании од овој сектор ќе известат за силен раст на приходите и добивката. Меѓутоа, резултатите на останатите технолошки гиганти ги разочара инвеститорите.

Поради тоа вчера паднаа цените на акциите на Волстрит, а и денеска се очекуваат натамошни загуби, со оглед дека американските термински индекси моментно се во минус.

Притоа најголем притисок генерира падот на цената на акцијата на Apple за над 6 отсто. Иако најголемата светска компанија по пазарна вредност во минатиот квартал оствари раст на приходите и добивката за над 30 отсто на годишно ниво, сепак, инвеститорите ги разочараа проценките на Apple за тековното тромесечје, кои се помали од очекувањата на аналитичарите.

„Apple е огромна компанија, а со оглед дека нејзината продажба малку разочара, јасно е дека тоа влијаеше на целокупниот сектор во светот. Сепак, ова го сметаме за минлива нестабилноста на берзите“, рече Воутер Старкенбум, аналитичар во Russell Investments.

И додека технолошкиот сектор е под притисок, меѓу најголемите добитници, со раст на цената за над 4 отсто, акцијата на easyJet, откако нискотарифниот авиопревозникот ја зголеми проценката за добивка во целата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП