Во споредба со истиот период минатата година, во светски рамки продажбата на AUDI AG од јануари до јуни 2015-та година се зголеми за 3,8% или околу 902.400 испорачани автомобили. За прв пат во историјата на компанијата, повеќе од 900.000 клиенти го избраа брендот со четири прстени во првите шест месеци од годината.
Иако во моментов се прават значајни промени на моделите на голем број пазари, сепак продажбата и понатаму расте на сите светски региони – особено зголемување забележано е на американскиот пазар од 12.4%. Во јуни, во целиот свет беа испорачани околу 157.450 автомобили со што е забележан раст од 1.3% во споредба со истиот месец минатата година
„Досега, 2015-та година за нас беше година полна со предизвици. Ние успешно се справивме со овие предизвици и остануваме на вистинскиот пат“, изјави Лука де Мео, член на одборот на директори за продажба и маркетинг во AUDI AG. Бележиме континуираниот раст и покрај тоа што се подготвуваме за новите генерации на клучните волуменски модели, кои сочинуваат околу 40% од глобалната продажба. ”
Новиот наследник на најдобро продаваниот модел на Audi, новиот А4, најпрво ќе биде лансиран во Европа во четвртиот квартал. Во класата на големи спортско корисни возила, новиот Q7 пристигнаа на сите европски пазари, а следи премиерата и во другите региони на светот. Во првата половина од годината силен раст беше забележан кај семејството А3, од 35% или околу 195.350 испорачани автомобили.