23 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Apple скокнаа за 33 отсто, цената на акцијата остро падна

Приходите на Apple скокнаа за 33 отсто, цената на акцијата остро падна

apple brand

Приходите на Apple во изминатото тромесечје скокнаа за 33 отсто во однос на истиот период лани, на 49,6 милијарди долари, а покрај тоа што силно порасна и добивката, цената на акцијата на Apple потона за над 6 отсто.

Деловниот извештај, објавен во вторникот, покажува дека Apple во изминатиот квартал оствари чиста добивка од 10,7 милијарди долари, што е 38 отсто повеќе во однос на истиот период лани. Тоа е и рекордна добивка на компанијата за второто тромесечје, кое за Apple вообичаено е послабо од останатите квартали бидејќи многу купувачи се воздржуваат од купување на iPhone чекаат нови модели на есен.

Меѓутоа, во изминатиот квартал Apple продаде 47,5 милиони iPhone уреди, 35 отсто повеќе во однос на лани, што се должи на силниот раст на продажбата во Кина.

Значително порасна и продажбата на компјутерите Mac, за девет отсто или на 4,8 милиони примероци.

Сепак, и натаму паѓа продажбата на iPad таблети поради зголемување на притисоците на евтини модели темелени на оперативниот систем Андроид на Google. Во изминатото тромесечје Apple продаде 10,9 милиони iPad таблети, што е 18 отсто помалку во однос на истиот период лани.

Иако не изнесе податоци во бројки, извршниот директор на Тим Кук рече дека Apple Watch сјајно стартуваше и дека продажбата на паметниот часовник во првите месеци ги надмина очекувањата.

Apple Watch е првиот нов производ откако Кук го презеде раководењето на компанијата, па аналитичарите велат дека успехот на овој производ ќе покаже дали Apple и натаму е иновативна компанија, како што беше додека ја водеше Стив Џобс.

Иако деловните резултати на Apple се подобри од очекувањата на аналитичарите, цената на акцијата на најголемата светска компанија по пазарна вредност вчера на Волстрит падна за над 6 отсто.

Аналитичарите сметаат дека тоа е последица на послабите од очекуваните проценки на Apple за натамошното работење . Компанијата, имено, објави дека во тековниот трет квартал очекува приходи помеѓу 49 и 51 долари, додека аналитичарите во просек предвидуваа 51,13 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП