26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТехнолошкиот сектор го притисна Волстрит

Технолошкиот сектор го притисна Волстрит

volstrit (1)

Берзанските индекси на Волстрит паднаа во вторникот бидејќи по слабите финансиски резултати на IBM и United Technologies спласна оптимизмот во врска со работењето на технолошките компании, а падот на цените на акциите на Apple и Microsoft, најавува натамошни загуби на технолошките компании.

Dow Jones потона 181 поен, или 1,0 отсто, на 17.919 поени, додека S&P 500 се намали 0,43 отсто, на 2.119 поени, а Nasdaq се намали за 0,21 отсто, на 5.208 поени.

Dow Jones забележа вчера најголема дневна загуба за последните две недели, што е последица на падот на цената на акцијата на IBM за 6, а на United Technologies за 7 отсто, откако технолошките гиганти објавија послаби од очекуваните квартални деловни резултати.

Од иста причина падна и Nasdaq, откако во претходните три дена непрекинато достигнуваше највисоки нивоа во историјата.

Се очекува натамошен пад на индексите бидејќи во, по затворањето на Волстрит остро падна и цената на акцијата на Apple, за над 6 отсто, Microsoft, за 3,5 отсто и на Yahoo, за 2,2 отсто. Овие компании, имено, со своите резултати потрфлија во однос на проценките на аналитичарите.

Минатата недела одличните квартални деловни резултати Google и Netflix ги поттикнаа надежите дека и останатите компании од овој сектор ќе известат за силен раст на приходите и добивката. Меѓутоа, резултатите на останатите технолошки гиганти ги разочара инвеститорите.

„Првпат по подолго време, фундаменталните показатели поттикнаа акција на берзите, а така веројатно ќе биде и во наредните денови, на кулминацијата на сезоната на објава на квартални деловни резултати“, вели Рајан Ларсон, директор во фондот на RBC Global Asset Management.

И на европските берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонски FTSE индекс ослабна за 0,29 отсто на 6.769 поени, додека франкфуртски DAX се намали на 11.604, а париски CAC 0,70 отсто, на 5.106 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП