17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ги зголеми резервите на злато за дури 60 проценти

Кина ги зголеми резервите на злато за дури 60 проценти

china gold bar

Златните резерви на Кина пораснаа за речиси 60 проценти во изминатите шест години. На крајот на јуни, Кина во државна сопственост имала 1.658 тони злато, објави централната банка во Пекинг.

Во април 2009 година кинеските златни резерви изнесувале 1.054 тони. Девизините резерви на земјата, според службените податоци, изнесуваат 3,69 билиони долари (3,39 билиони евра).

Глобалната побарувачка за злато е намалена во минатата година, според податоците на Светскиот совет за злато за четири проценти, на 3,942 тони, на што најмногу влијаел падот на побарувачката за накит.

Цената на златото е намалена во последните неколку месеци, бидејќи инвеститорите очекуваат раст на каматните стапки во САД.

Во понеделникот унца злато чинела 1.110 долари (1,019 евра), што е најниската цена од март 2010 година. Претходниот рекорд е постигнат во летото 2012 година кога цената изнесувала 1.800 долари за унца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП