10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCitigroup ги лажела клиентите, казна од 700 млн долари

Citigroup ги лажела клиентите, казна од 700 млн долари

citigroup2

Американската мултинационална банка „Citigroup“ ќе им надокнади 700 милиони долaри на клиентите и ќе плати 70 милиони долари во казни поради нелегалното работење со картички.

Оваа банка наплатувала услуги кои не ги давала или на клиентите им кажувала дека имаат бесплатен пробен период на користење на некои услуги кои всушност им ги наплатувала.

Американското Биро за финансиска заштита на потрошувачите соопшти денес дека „Citigroup“ ќе мора да исплати отштета за 8,8 милиони клинети кои плаќале дополнителни услуги и производи поврзани со картичките, како надзор на кредитната состојба или „итен“ процес за исплата.

Претставниците на „Citigroup“ наводно на потрошувачите им кажале дека постои 30-дневен пробен бесплатен период за некои производи кој всушност не постоел или продавале заштита за идентитеот од кражба, а „Citigroup“ не давала такви услуги.

„Citigroup“ сооопшти дека го укинала таквото нелегално работење во 2013 година и дека е во просец на исплата на отштети на клиентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП