21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо следниве две децении ќе бидат потребни 558.000 нови пилоти

Во следниве две децении ќе бидат потребни 558.000 нови пилоти

piloti 3003

Добри вести за сите кои сакаат да бидат пилоти на авиони, бидејќи според „Boeing“ слободните работни места во оваа професија значително ќе нараснат во наредните 20 години.

Според авионскиот гигант во светот ќе има потреба од 558.000 нови пилоти на патнички авиони во следните две децении, во позадина на континуираното зголемување на бројот на авиони на авиокомпаниите. Индустријата ќе има потреба уште од 609.000 дополнителни вработени за одржување во компаниите за патничкиот превоз, според „Boeing“.

Во периодот меѓу 2015-та и 2034-та година ќе се отвори работа во просек за 28.000 нови пилоти и 30.000 нови механичари секоја година. Според проценките најголем дел од побарувачката на пилоти ќе дојде од азиско-пацифичкиот регион, каде во наредните 20 години ќе бидат потребни 226.000 нови пилоти. За споредба, 95.000 нови пилоти ќе бидат потребни во САД и исто толку во Европа, според „Boeing“.

Според компанијата растот на побарувачката на пилоти ќе се должи на воведувањето во работа на 38.000 нови авиони од страна на авиокомпаниите до 2034-та година.

Главен пилот во „Boeing“ заработува меѓу 101.773 и 246.219 долари годишно, според „payscale.com“. Оние кои сакаат да станат пилоти сепак често треба сами да ја финансираат обуката која може да чини стотици илјади долари. Наоѓање на прва работа исто така може да биде тешко, бидејќи некои авиокомпании вработуваат само луѓе со искуство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП