20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот Ивановски во работна посета на Брисел

Министерот Ивановски во работна посета на Брисел

ivo ivanovski099248

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, во среда ќе престојува во работна посета на Брисел.

Во рамки на посетата, Ивановски ќе оствари средба со еврокомесарот за дигитална економија и општество, Гинтер Отингер, како и со директорот за Западен Балкан во Генералниот директорат за добрососедска политика и за преговори за проширување, Жан Ерик Паке.

Министерот Ивановски посетата на Брисел ќе ја искористи и за средби со високи претставници на програмите на Европската Унија, COSME, HORIZON 2020 и Enterprise Europe Network, а во насока на подобро искористување на можностите од овие програми од страна на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП