18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвршена е исплата на зголемената социјална помош

Извршена е исплата на зголемената социјална помош

stavre i maliot 2

Извршена е исплата на зголемена социјална помош за 10 отсто на 30.000 корисници и зголемена постојана парична помош за 10 отсто на 5.500 корисници, објави министерот за финансии Зоран Ставрески.

Тој преку социјалните мрежи информираше дека е исплатен и зголемен надомест за 25 отсто за семејствата што грижуваат деца без родители, кој претходно изнесуваше од 6.500 денари до 8.500 денари, а сега ќе изнесува од 8.125 денари до 10.625 денари.

„Продолжуваме и понатаму со поддршка за социјално ранливите категории“, вели Ставрески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП