30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаматата за ИПАРД проекти ќе се субвенционира 50 отсто

Каматата за ИПАРД проекти ќе се субвенционира 50 отсто

ipardd22222

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најави дека ќе покрива половина камата за сите кредити за инвестиции на земјоделците финансирани со ИПАРД програмата преку Програмата за рурален развој.

Министерот за земјоделство Михаил Цветков информираше дека со ИПАРД програмата со 75 проценти ќе се кофинансираат проектите на земјоделците од општините Могила, Новаци и Босилево зафатени со поплави од почетокот на годинава.

Каматните стапки во комерцијалните банки се високи и се движат од 4 до 8 проценти, а профитот во земјоделството не е значително голем. Со субвенционирањето земјоделците ќе треба да плаќаат од два до четири проценти камата, рече Цветков.

Тој најави дека следната недела ќе биде распишан трет оглас за користење средства од ИПАРД 1 програмата од која преостануваат уште 29 милиони евра.

До крајот на годинава на располагање се 18 милиони евра за кои на огласите во октомври лани и во мај годинава се пријавиле 1.200 земјоделци со апликации во вредност помеѓу седум и осум милиони евра. Останатите 11 милиони евра од ИПАРД 1 ќе може да се искористат до крајот на 2017-та година.

Третиот оглас се однесува за мерките со кои може да се аплицира за финансирање проекти за подигање сточарски фарми, овошни и лозови насади, набавка на механизација, системи капка по капка, откупно дистрибутуивни центри, млекари, винарии и слично

За подготовка на апликации за проекти на земјоделците им се на располагање 80 експерти распоредени во 34 подрачни единици на министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП