3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата стагнира

Цената на нафтата стагнира

nafta 220

Денеска цената на нафтата на светските берзи стагнираше, поттикната од намалениот курс на доларот, но во услови на заситеност во глобалното снабдување и натаму е на пат на најголем месечен пад од март.

Барел сирова нафта на лондонската берза се продава во вторникот по речиси непроменета цена, од 56,61 долар, а вчера цената се намали за 45 центи.

На американската берза со барелот се тргува по речиси непроменета цена од 50,1 долар. Во понеделникот цената на барелот ослабна 50 центи.

Договорот за нуклеарната програма на Иран со западните сили веројатно ќе го отвори патот за поголема количина на иранска нафта на пазарот, на кој забавувањето на кинескиот раст и несигурното закрепнување во Европа ја намалија побарувачката, поради што цената од почетокот на јули до сега потона за 11 отсто.

Иранскиот врховен водач Али Хаменеи минатата недела рече дека ќе и пркоси на американската политика во регионот и покрај склучениот договор, што за американскиот државен секретар Џон Кери претставува „многу загрижувачко“.

„Овие коментари покажуваат дека спроведувањето на иранската нуклеарна програма не може да биде едноставно како што се чинеше на почетокот, поради што иранскиот извоз на нафта би можел подоцна да стигне на пазарот“, смета Тамаш Варга од лондонската брокерска куќа PVM Oil Associates. Тој очекува дека цената на нафтата во Лондон ќе падне на ниво под 55,60 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП