23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи под притисок на фармацевтскиот сектор

Европските берзи под притисок на фармацевтскиот сектор

evropski=berzi

Цените на акциите на европските берзи паднаа денес, по почетниот раст, а под најголемо внимание е фармацевтскиот сектор поради послабите од очекувани деловни резултати на Novartis.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 11.30 часот беше во минус 0,3 отсто, на 1.608 поени, откако вчера порасна за 0,4 отсто, достигнувајќи ново највисоко ниво.

Лондонски FTSE индекс истовремено беше во минус 0,10 отсто, на 6.784 поени, додека франкфуртски DAX падна 0,05 отсто, на 11.734 поени, а париски CAC 0,15 отсто, на 5.134 поени.

На самиот почеток на денешното тргување цените на акциите благо пораснаа, благодарение на подобрите од очекувани квартални деловни резултати на неколку европски компании.

Меѓу најголеми добитници изутрината беа акциите на производителите на хемикалии Akzo Nobel и Norsk Hydro, производители на алуминиум, откако ги објавија деловните резултати.

Меѓутоа, швајцарскиот гигант Novartis, оствари во изминатиот квартал значително послаби финансиски резултати од што се проценуваше, поради што цената на компанијата падна за над 2 отсто. Тоа го притисна целиот фармацевтски сектор, кој моментно е во загуба за просечно 1 отсто.

„Со оглед дека Грција сега има само мало влијание на пазарот, во фокусот на инвеститорите се најдоа деловните резултати на компаниите, од кои најмногу ќе зависи насоката на берзите. Инвеститорите се нетрпение ги очекуваат финансиските извештаи на Apple и Microsoft кои треба да бидат објавени во текот на денот“, вели Маркус Хјубер, аналитичар во компанијата Peregrine & Black.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП