29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: Владата го испрати во парламентот предлог-законот за санација на банките

Грција: Владата го испрати во парламентот предлог-законот за санација на банките

cipucipi

Грчката влада го испрати во вторникот на усвојување во парламентот предлог-законот за санацијата на банките, кој е еден од условите на нејзините меѓународни доверители за покренување на преговорите за новиот трет пакет странска финансиска помош за земјата.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас има време до среда навечер да ги протурка споменатите мерки во парламентот. Првиот дел од реформите предизвика бунт во неговата коалиција на радикалната левица Сириза минатата седмица и пројде само благодарејќи на опозициските пратеници. Потоа следуваше „чистење“ на владиниот кабинет од одметнатите министри и замениците министри.

Вториот дел од предлог-законите, исто така, преставува тест за ослабеното владејачко мнозинство во парламентот. Со овој предлог-закон треба да стапат во сила правилата на Европската унија за санација на банките. Така, со законски предлог, загубите на банките ќе се префрлат на товар на нивните доверители и акционери, а посегнувањето на парите на даночните обврзници ќе биде крајната мерка.

Атина со меѓународните доверители минатата седмица постигна договор со кој во замена за третата програма за финансиска помош по линија на Европскиот механизам за стабилизација (ESM) во износ од 86 милијарди евра, треба да спроведе дополнителни мерки од непопуларните штедења и реформи во даночниот и пензискиот систем, во приватизацијата итн.

По три седмици грчките банки во понеделникот повторно беа отворени, но ограничувањата за подигнување на готовината останаа непроменети, освен што седмичниот лимит е 420 евра, наместо секој ден по 60 евра, ќе може да се подигнува еднаш неделно.

Понеделникот ги донесе и новите даночни стапки, па така данокот за додадена вредност (ДДВ) за многу производи и услуги беше зголемен од 13 на 23 отсто. Германскиот малопродажен трговски синџир „Lidl“ во неделата поради тоа објави огласи во грчките медиуми во коишто извести дека зголемувањето на ДДВ-то нема да оди на товар на потрошувачите, па цените на неговите производи ќе останат непроменети. Меѓутоа, другите грчки и странски производители и трговци не дадоа такви ветувања, па во Грција во понеделникот беше забележан раст на цените на одредени артикли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП