17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГермански Bild и предлага на Грција што да продаде со цел да...

Германски Bild и предлага на Грција што да продаде со цел да го врати долгот

bild logo 33

На листата на германскиот таблоид „Bild“ со приватизацијата со која доверителите на Грција би дошле до пари, се наоѓаат, марини, два владини авиони, 2.500 згради во сопственост на Министерството за култура и повеќе од 77.000 други недвижности во сопственост на грчката држава.

Грчката „RTV SKAI“ денеска објави дека „Bild“ на насловната страна пишува дека тие недвижности би можеле да вклучат и нов фонд за приватизација чие основање е наложено со минатонеделниот договор на Грција и останатите земји во еврозоната.

Спомнувајќи дека американскиот магнат Ворен Бафет купил еден остров во близина на Атина (како и глумецот Џони Деп), весникот пишува дека за продажба се државни плажи на Пелопонез, марините во Епидаурус и на островот Идри, пристаништата во Пиреј и Солун, стадионите изградени за Олимписките игри во 2004-та и поранешната американска база во Ираклија, на Крит.

Меѓу предлозите на „Bild“ се и 14 грчки регионални аеродроми.

Според договорот на Грција и останатите земји од еврозоната е предвидено во новиот фонд за приватизација да бидат вклучени и државни недвижности со чија продажба може да се дојде до 50 милијарди евра, од кои половина ќе бидат за рефинансирање на банките, четвртина за отплата на државниот долг и четвртина за проектите за развој.

Официјално се уште не е утврден списокот на државни недвижности кои се за продажба, затоа што се очекува тоа да биде дел од идните преговори на Грција и нејзините доверители за новиот, трет пакет на недвижности за помош во вредност од 80 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП