26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на Волстрит, енергетскиот сектор во пад

Раст на Волстрит, енергетскиот сектор во пад

volstrit56

Берзанските индекси благо пораснаа во понеделникот, благодарение на подобрите од очекувани резултати на компаниите, но поради падот на цените на сировините, под силен притисок се најде енергетскиот сектор.

Dow Jones зајакна 13 поени, или 0,08 отсто, на 18.100 поени, а за ист процент порасна и S&P 500, достигнувајќи 2.128 поени. Nasdaq индексот зајакна, пак, 0,17 отсто, на рекордни 5.218 поени.

Nasdaq достигна вчера ново рекордно ниво трет ден по ред, благодарение на растот на цената на технолошките компании. Минатата недела одличните квартални резултати на Google и Netfli ги потикнаа надежите дека и другите компании од овој сектор ќе известат за силен раст на приходите и добивката.

Меѓутоа, деловниот извештај на IBM разочара поради падот на приходите на технолошкиот гигант веќе 13-ти квартал по ред, па во продолженото тргување по затворањето на берзите цената на акцијата на компанијата потона за над 3 отсто.

До крајот на неделата деловни извештаи ќе објават и Apple, Microsoft и Yahoo, по што ќе биде појасна сликата за состојбите во технолошкиот сектор.

Од компаниите кои досега објавиле извештаи, 55 отсто ги надмина очекувањата по прашање на приходите, што е помалку од долгогодишниот просек од 61 отсто.

Слабоста на приходите е последица најмногу на порастот на курсот на доларот, поради што паѓаат приходите на американските мултинационални компании од странските пазари. Таквиот тренд веројатно ќе продолжи со оглед дека до крајот на годината американската централна банка веројатно ќе ја зголеми клучната каматна стапка.

И покрај тоа, S&P 500 индекс се наоѓа на само неколку поени оддалечен од своето рекордно ниво.

„Како што грчките проблеми сега се во ретровизор, додека во фокусот на инвеститорите се деловните резултати на компаниите, кои се подобри од очекуваното, берзанските индекси се вратија во горниот дел од распонот. Меѓутоа поради притисок на цените на сировините, тешко е да се очекува значителен скок на растот на индексот“, вели Арт Хоган, стратег во компанијата Wunderlich Securities.

Индексот на енергетскиот сектор потона вчера за 1,3 отсто, што е последица на падот на цената на на нафтата бидејќи инвеститорите се плашат дека понудата на црното злато и натаму е поголема од побарувачката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП