26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтиглиц: Грчкото сценарио може да се повтори и во други земји

Стиглиц: Грчкото сценарио може да се повтори и во други земји

stiglickkkkk

Случувањата во Грција наскоро би можеле да се повторат и во други земји, смета нобеловецот Џозеф Стиглиц.

„Грција стана арена на битка помеѓу идеите и финансиската моќ. За жал, денес Грците се обврзани да си имаат работа со Тројката кредитори, чиј трет меморандум ја зголемува нееднаквоста и е наменет против сиромашните“, изјавил Стиглиц на симпозиум на островот Крф, организиран од Фондацијата на Андреас Папандреу, пренесува БГНЕС.

Нобеловецот, познат по своите левичарски идеи, истакнал дека слична битка меѓу големиот капитал и обичните луѓе во моментот се води и во неговата татковина САД.

„Кога дојде до рекапитализацијата на банките по крахот на Lehman Brothers, зборував дека ова е шанса за банкарскиот систем да биде земен под контрола, за да се прекине со експлоатација на банките. Но, Обама рече: Не! Треба да ги спасиме банките, за да можат да го прават тоа што досега го правеа. И гледаме како тоа трае веќе пет години. Се повеќе изманипулирани пазари, се повеќе злоупотреби. Секој ден кога ќе го отворите Financial Times или друг сличен весник, читате за нов банкарски скандал“, изјавил Стиглиц.

Тој додал дека денес во Грција се води битка за промена во економската политика и за повеќе правда при распределбата на добрата и против зголемувањето на неправдата, но дека тоа што се случува во оваа земја е предуслов истото да се случи и на друго место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП