30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто е тоа што позитивно влијае на вработените на работното место

Што е тоа што позитивно влијае на вработените на работното место

Happy-office-workers-sized

Кога ќе се разбудите наутро, многу е важно да имате причина која ќе ве мотивира да одите на работа. Ако сте задоволни, ефикасно ќе ја обавувате работата. Еве што e тоа што позитивно влијае на вработените на работното место…

Пријателски настроните колеги

Ако колегите не се негативци или со натпреварувачки дух, тие можат да ви бидат многу добри пријатели. Лесно е кога се имаат пријатели на работното место, со кои можете да делите се, и добро и лошо.

Редовна плата

Кој несака неговата плата да е исплатена невреме? Редовната плата ги задоволува работниците.

Пријатна кафетерија

Среќни се оние вработени кои на работното место имаат на располагање ресторан или одличен апарат за кафе. Кафето ги зближува колегите, а квалитетното кафе ги прави уште посреќни.

Флексибилност

Кога никаде не брзате и работата можете да ја завршите подоцна. Кога не ве притискаат рокови и датуми. Флексибилното работно време позитивно влијае на расположението.

Напредок или зголемување на платата

Напредокот на некоја повисока позиција или зголемувањето на платата влијаат директно на расположението и квалитетот на работниците. Трудете се што повеќе да сработите и да добиете покачување, вашето расположение ќе биде максимално позитивно.

Рекреација

Добро е кога за време на работното место можете да се рекреирате. Големите и успешни компании им нудат на вработените простор и време за рекреација, без разлика за каков вид на рекреација станува збор, дали е тоа партија шах, тенис, или пак слободно време на интернет, тоа расположува.

Уреден простор

Вработените ги радува кога нивниот работен простор е уреден, нов, практичен…. Тие сакаат средено биро со симпатични детали, сето тоа влијае позитивно на расположението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП