30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен сообраќај надвор од градските средини

Зголемен сообраќај надвор од градските средини

avtopat559

Сообраќајот на сите патишта во државата се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На патните правци Свети Николе – Штип, Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово), Велес – Кадрифаково се изведуваат градежни работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

Исто така од 1.јули започна да се применува времениот режим на сообраќај во летниот период со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Измената во временските интервали е следната: петок од 17.00 до 22.00 часот, сабота од 09.00 до 18.00 часот и недела од 09.00 до 22.00 часот.

Во исто време на магистралниот пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје, важи забраната за движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП