12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКомичар го посипал Блатер со долари(видео)

Комичар го посипал Блатер со долари(видео)

blater-dolari

Конференцијата за новинари на претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер кој е во заминување, била прекината, откако еден британски комичар го посипал со долари.

Кога Блатер седнал на својето место и се подготвувал за говор, од првиот ред дотрчал комичарот Сајмон Бродкин и го посипал со долари.

Обезбедувањето реагирало брзо и го одвело Бродкин, а Блатер накратко ја напуштил салата, бидејќи морало да се исчисти нередот.

„Ова нема никаква врска со фудбалот“, рекол Блатер.

Бродкин минатиот месец се обиде да го прекине настапот на американскиот пејач, Кајне Вест на британскиот фестивал Гластонбери.

Извршниот комитет на ФИФА претходно одлучи на 26 февруари следната година да се одржат избори за претседател на светската куќа на фудбалот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП