2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОткажан концертот на „2 Cellos“ во Охрид

Откажан концертот на „2 Cellos“ во Охрид

cellos 335

Продукција „Пасворд“ и „Охридско лето“ известуваат дека концертот на хрватското дуо „2 Cellos“, кој требаше да се одржи во дополнителната програма нa фестивалот, на 8-ми август 2015-та година, поради приватна причина се откажува.

Концертот ќе се одржи во нов термин, а членовите на дуото ветуваат дека наскоро ќе биде соопштен датумот за големото музичко доживување.

Од продукцијата „Пасворд“ информираат дека купените билети може да се вратат од среда, 22-ри јули 2015-та година на продажното место „Југотон“ во ГТЦ.

На сите што купиле билети онлајн, парите ќе им бидат вратени на нивната сметка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП