30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен индексот на доверба во преработувачката индустрија

Зголемен индексот на доверба во преработувачката индустрија

industrisko proizvodstvo

Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во Македонија во јуни е за 1,7 процентен поен зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на јуни 2014-та година е зголемен за 6,6 процентни поени.

Ова денеска го објави Државниот завод за статистика врз основа на оценката на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни, во однос на мај година, е  поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, додека залихите на готови производи сe зголемени.

Економската состојба на деловните субјекти е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како  поповолна и во однос на јуни 2014-та година.

Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2015-та година изнесува 64,1 отсто од нормалното искористување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП