2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција доби кредит и веднаш го потроши на отплата на долгот!

Грција доби кредит и веднаш го потроши на отплата на долгот!

grcka vlada

Грција денеска ја започна исплата на долгот од две милијарди кон ММФ, јави Франс прес, повкувајќи се на извор од грчкото министерство за финансии, додека лидерите на Европската унија потврдија дека на Атина и уплатија 7,16 милијарди евра во рамки на кредитот за премостување.

Државната служба за сметководство на Грција наложила почеток на задоцнетата рата на долгот од 30-ти јуни кон ММФ, како и 4,2 милијарди евра долг кон Европската централна банка врз основа на обврзници, кои денеска доспеваат за наплата.

Покрај тоа, издаден е и налог за исплата на 500 милиони евра за централната банка на Грција, пренесува новинската агенција ANA.

Споменатите средства ќе бидат исплатени од кредитот за премостување, вреден 7,16 милијарди евра, кој Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) и го одбори минатата недела на Атина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП