9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата остана стабилна и покрај падот на саудискиот извоз

Цената на нафтата остана стабилна и покрај падот на саудискиот извоз

nafta33

Цената на нафтата во понеделникот остана стабилна на светските берзи и покрај падот на извозот на сирова нафта од Саудиска Арабија, со оглед дека понудата е повеќе од доволна, а поради иранскиот извоз би можела дополнително да порасне.

Со барел сирова нафта на лондонската берза се тргуваше денес околу пладне по речиси непроменета цена во однос на претходното затворање, од 57,15 долари. Во минатата недела цената на барелот во Лондон падна за речиси три отсто, а од почетокот на месецот за над 10 отсто.

Истовремено, на американската берза со барелот се тргува по 50,94 долари, исто така без поголеми проблеми во однос на петокот.

Цената на нафтата паѓаше три надели по ред, поради очекувањата за зголемен извоз од Иран по ублажувањето на санкциите. Инвеститорите, имено, ги загрижува големиот вишок на нафта на многу пазари, а залихите се близу рекордните нивоа.

Сепак, официјалните податоци покажуваат дека во мај извозот на сирова нафта од Саудиска Арабија падна на најниско ниво од декември минатата година. Дневните испораки во тој месец изнесувале 6,9 милиони барели во однос на 76 милиони барели дневно во април, и покрај рекордно високото производство од над 10 милиони барели на ден.

Сепак, со оглед дека рафинериите во светот и натаму работат близу своите максимални капацитети за да ги искористат моментно солидните производни маржи, постојат сигнали дека заситеноста на пазарот на сирова нафта би можела да се прелиле на пазарот на деривати.

„Сведоци сме дека вишокот на сирова нафта се префрла на нафтените производи и дека во Европа се појавуваат зголемени залихи на бензин, нафта и особено на гас“, оцени Бјорн Шиелдроп од норвешки SEB.

Големиот раст на рафинериските активности во текот на последните месеци веројатно ќе забави во втората половина на годината, објави виенската консултантска компанија JBC Energy, наведувајќи дека сметаат дека глобалниот раст на понудата на сирова нафта веќе достигнал кулминација во оваа година.

Рускиот министер за енергетика Александар Новак најави состанок со генералниот секретар на OPEC Абдула ал-Бадри на 30 јули во Москва, за да ја размотрат состојба на нафтениот пазар и новонастанатата состојба поврзана со Иран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП